Чави: Левандовски на клупата за резерви? Па не би му било прв пат

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес, јасно стави до знаење дека никој во играчкиот кадар на Барса нема загарантирано место во неговиот стартен тим, вклучувајќи го тука и Роберт Левандовски.

Полскиот голгетер важи за прва опција во нападот на Барселона, но очигледно е дека Левандовски се мачи да ги повтори игрите од дресот на Баерн Минхен, а дополнителен притисок врз него е доаѓањето на Витор Роке, бразилското чудо од дете кое би можело веќе утре против Лас Палмас да дебитира во дресот на каталонскиот гигант.

„Да го оставам Левандовски на клупата за резерви? Па не би му било прв пат. Јас ги носам своите одлуки за тимот да игра најдобро што може и да победува, личните чувства на фудбалерите не ги земам во предвид. Мислам дека Роке и Левандовски можат да играат заедно, Роке е подеднаков опасен и како крило и како централен офанзивец, тоа сигурно ќе биде од голема помош за нас во вториот дел од сезоната“, изјави Чави.

Бразилското засилување отпатува со Барселона за гостувањето против Лас Палмас, но Роке се уште не е регистриран од Ла Лига. Доколку добие зелено светло, тој ќе може да настапи за каталонскиот гигант, ако тоа не се случи, Бразилецот ќе мора утрешниот дуел да го следи од трибините.

Се вчитува...