Чави им се заканува на фудбалерите на Барселона

Тренерот на Барселона Чави, најави казни на  фудбалерите на Барселона во случај на сензација во дуелот со Купот на Шпанија против Интерсити. Каталонскиот клуб во случај на неуспех, ќе тренира и на 6. јануари кога Шпанија го слави празникот на трите Крала.

Доколку неговите избраници не бидат на висина на задачата, Чави одново ќе ги казни играчите како што тоа го стори против Еспањол. И покрај тоа што беше најавено дека на 1. јануари играчите ќе бидат слободни, сепак, го одржаа тренингот поради тоа што направија „кикс“ еден ден порано.

Празникот на „Трите Крала“ важи за убедливо најголем во оваа земја, што се прославува повеќе од Божиќ и од Нова Година.

Се вчитува...