Чави му кажа „НЕ“ на Баер Леверкузен, Мурињо седнува на „жешкото столче“?

Поранешниот тренер на Барселона, Чави Хернандез нема да седне на клупата на Баер Леверкузен. Шпанецот не сакал да го преземе тимот, бидејќи ситуацијата во клубот била „нестабилна“.

Претходно поранешниот шампион на Германија го отпушти Ерик тен Хаг по само две кола. Веднаш во комбинација беше ставен Чави, кој исто така беше поврзуван со Леверкузен по заминувањето на Чаби Алонсо во Реал Мадрид, но и тогаш ги одби „фармацевтите“.

Сега главен фаворит за клупата на Баер Леверкузен е Един Терзиќ, поранешен тренер на Борусија Дортмунд кој го однесе тимот до финале во Лигата на шампионите. Во последните часови се почесто се споменува и Жозе Мурињо, кој доби отказ од Фенербахче.

Се вчитува...