Само еден ден откако Јирген Клоп најави заминување од Ливерпул по завршувањето на сезоната, денеска навивачите на Барселона беа шокирани од истата објава и од нивниот тренер Чави.
Чави по мечот со Виљареал, кој Барселона драматично го загуби со 3-5, најави дека по 30. јуни нема повеќе да го води тимот.
„Пред неколку дена донесов одлука, а еве сега објавувам дека нема да ја водам Барселона по 30. јуни. Сметам дека на тимот му треба промена“, рече Чави.
Чави дојде во Барселона во 2021 година, и со тимот освои титула ланската сезона. Меѓутоа Барса не е ни одблиску истиот тим оваа сезона, кога е далеку од титулата, а испадна и од Купот. Сега му останува само шанса во Лигата на шампионите, каде во 1/8 финалето ќе се сретне со Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

