На почетокот на новата сезона во Ла Лига, Столе Димитриевски продолжи со одличните настапи против Барселона и повторно застана на патот на славните каталонци. Рајо Валекано на крилја на македонскиот голман кој имаше десет интервенции успеа да извлече вод од гостувањето кај „Камп Ноу“ за што се најде во тимот на колото на најдобрите пет лиги во изборот на „365Scores“.
Тренерот на Барселона, легендарниот Чави ни недела дена подоцна не успева да го преболи ремито, а на пресконференцијата во пресрет на второто коло и мечот против Реал Сосиедад, дуелот против Рајо го оцени како „срам за фудбалот“.
„Не е лесно, мора да се носиме со срамот. Натпреварот против Рајо беше срам за фудбалот. Заслуживме да победиме и одигравме коректен натпревар, но не бевме ефикасни. Преферирам еуфорија отколку пораз“, вели Чави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

