Чави: Не игравме најдобар фудбал, но победата е тука

Барселона го доби дербито против Атлетико Мадрид со 0-1 и се зацврсти на врвот на табелата во шпанската Ла лига.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Усман Дембеле во 21. минута. Во втората минута од судиското продолжение, судијата Мунуера Монтеро им покажа црвени картони на Стефан Савиќ и Феран Торес за тепачката која ја имаа на средината на теренот.

Тренерот на Барселона, Чави по мечот изјави дека иако не играле добро, ова се големи три бода за неговиот тим.

„Оваа победа не ни е важна само поради трите освоени бода, туку значително влијаеше и на нашиот морал. Ова се три златни бода. Не игравме најдобар фудбал, но победивме. Против Еспањол беше спротивно, бевме многу добри, но не победивме. Горд сум на тимот. Ова е победа за самодоверба и морал“, изјави Чави.

Се вчитува...