Чави: Не постои никаков проблем, ќе бидам во Барселона и идната сезона

По информацијата дека Чави ќе добие отказ поради негова изјава која го разбеснила претседателот на клубот Жоан Лапорта, се огласи и самиот тренер кој кажа дека нема никакви проблеми со раководството.

Предводникот на Каталонците е убеден дека ќе остане да биде тренер и следната сезона и покрај информациите дека може да биде сменет откако кажа дека економската ситуација во клубот е тешка, што наводно го разбеснело Лапорта.

„Никој ништо не ми кажал. Нашиот однос не е променет. Го кажав она што го мислам. Се бориме за сите трофеи, но ситуацијата не е лесна, а тоа не ја менува реалноста. Апсолутно сум сигурен дека ќе бидам тренер следната сезона. Чест ми е да работам за овој клуб. Имам амбиции да освојувам титули, но ситуацијата не е најдобра. Меѓутоа работиме да ја подобриме. Тоа им го пренесов и на Лапорта и на Деко и веќе ја планираме следната сезона заедно“, рече Чави.

Се вчитува...