Наполи и Елиф Елмас вечерва ќе ја пречекаат Барселона на „Диего Армандо Марадона“ во вториот меч од 1/16-финалето од Лига Европа. Првиот натпревар во Шпанија заврши без победник (1-1). Македонскиот фудбалер имаше одлично издание на „Ноу Камп“, па успеа и да запише асистенција за едниствениот гол на неговиот тим.
Чави Хернандез даде изјава во пресрет на овој дуел, па истакна дека елиминација за неговиот тим ќе биде големо разочарување.
„Не сакам ниту да посмилам на елиминација, но тоа би било големо разочарување. Ова е Лига Европа и сакаме да покажеме дека сакаме да се натпреваруваме. Да бидеме оптимисти. На првиот натпревар одигравме многу добро. Мора да го играме нашиот стил на игра. Сакаме да бидеме конкурентни, доминантни во играта. Ако ја видиме Барса што ја гледаме во последно време, можеме да поминеме. Предвидувам тежок натпревар. Но, ако одиграме добро, резултатот ќе дојде. Но, ова е фудбал. Ќе бидеме поблиску до победи во натпреварите ако одиграме добро. И мислам дека растеме како тим. Не се работи само за резултати, туку за напредок на екипата“, вели шпанскиот стратег.
Реванш дуелот е закажан за вечерва во 21.00 часот, а главен судија ќе биде Сергеј Карасев од Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА