Чави: Не се плашам од отказ, знам дека Лапорта и Деко имаат доверба во мене

Барселона се наоѓа во резултатска криза, каталонскиот гигант по поразот до ЛШ од Шахтјор и последното реми со Рајо Валјекано во Ла Лига повторно покажа низа слабости во играта, но Чави е убеден дека функцијата на шеф на стручниот штаб воопшто не му е загрозена.

Каталонците утре го пречекуваат Порто во новата рунда од елитното европско натпреварување и додека медиумите шпекулираат дека неуспех на овој меч може сериозно да ја затресе клупата на Чави, тој е убеден во спротивното.

„Прочитав многу напади врз мене во последниот период, нормално е кога резултатите не одат како што треба да се изрази сомнеж во тренерот, но јас се чувствувам сигурно во Барселона. Не се плашам од отказ, често комуницирам со претседателот Лапорта и со директорот Деко и знам дека тие имаат огромна доверба во мене. Исто така, ја имам и довербата на сите моите фудбалери, заеднички работиме на излез од кризата, но токму тој колективен дух ми дава оптимизам дека наскоро сите заедно ќе излеземе посилни и ќе почнеме една долга победничка серија“, изјави Чави.

Барселона и Порто се на делба на првото место на табелата со по девет бода, пред Шахтјор со шест и Антверпен кој не освоено ниту еден бод во оваа група.

Се вчитува...