Чави: Нејмар многу ме разочара, не го учевме така во Барса

Откако Нејмар и официјално поднесе тужба против Барселона од која на име бонуси за верност бара 27 милиони евра затоа што во 2016 година потпиша нов договот, како и уште три милиони евра за камати на неисплатениот износ, се огласи Чави Хернандез кој вообичаено не сака многу да се појавува во медиумите.

Но, легендата на Барса го осуди безобзирното однесување на Нејмар.

„Нејмар навистина многу ме разочара. Во Барселона не го учевме на такви работи. Тоа што го прави не доликува на фудбалер од негов ранг. Всушност, таквите постапки го прават само многу помалкувреден. Искрено се надевам дека ќе извлече навреме некои поуки, и ќе покаже далеку поголема почит за поранешниот свој клуб и поранешните соиграчи“ – вели Чави, поранешниот трофеен капитен на шпанската репрезентација и на Барселона за која има 745 официјални натпревари, настапувајќи од 1995 до 2015 година.

Нејмар пред две години со Барса го продолжи договорот до 2021 година, но само десет месеци потоа замина во ПСЖ за 222 милиони евра, рекордна отштета во фудбалската историја.

Но, раководството на Барселона, како што пренесува „Ел Мундо Депортиво“, на тужбата на Нејмар одговорило со противтужба со која од Бразилецот бараат дури 65 милиони евра поврат во вид на дотогашните платени бонуси во рамките на првиот и вториот договор како и дополнителни десет милиони евра отштета за кршење на договорот.

Се вчитува...