Тренерот на Барселона, Чави Хернандез денеска ги демантираше пишувањата на шпанските медиуми дека раководството на клубот размислува да го отпушти, откако изјави дека лошата финансиска состојба ќе го спречи тимот да се натпреварува со Реал Мадрид за титулата во Ла лига.
Речиси сите прашања се однесуваа на шпекулациите на шпанските медиуми дека претседателот Жоан Лапорта бил изнервиран од изјавата на Чави, кој рече дека ситуацијата е многу тешка, пред се на економски план, за тимот рамноправно да се бори не само против „кралевите“ туку и против останатите европски гиганти.
„Клубот ми кажа дека треба да останам смирен и да продолжам да работам со истата мотивација и посветеност. Ништо не е сменето. Не знам и не ми е гајле од каде доаѓаат тие информации. Имам поддршка од претседателот и нашиот спортски директор“, изјави Чави.
Чави во јануари изјави дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, но претседателот Лапорта го убеди да остане до истекот на неговиот договор во јуни 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

