Чави: Немаме право на грешка, мечот со Интер ќе биде како финале за Барса

Барселона вечерва на домашен терен ќе го пречека тимот на Интер. Каталонците забележаа пораз во Милано, па имаат потреба од цел плен, за да останат бо игра за битката за нокаут фазата во елитната – Лига на шампионите.

Во пресрет на овој натпревар, Чави Хернандез потенцираше дека дуелот со Интер ќе биде како финале за него и фудбалерите.

„Сите знаме дека Интер е добар одбранбен тим. Со моите фудбалери на тренинзите постојано работиме напорно за да вежбаме различни тактички варијанти. Овој натпревар ќе биде како финале за нас. Нема да имаме простор за грешка. Посакуваме магична ноќ на ‘Камп Ноу’ и голема победа. Попрво би победил со 2-0, отколку 1-0“, изјави Херннадез.

Шпанската екипа игра во одлична форма во новата сезона, а ќе мора да игра на победа на дуелот со Интер, кој се игра неколку дена пред првото сезонско „Ел Класико“.

Се вчитува...