Чави веќе не може да ја контролира нервозата: „Ова не е нормално…!“

По синоќешното реми со Валенсија, Барселона доколку вечерва Џирона победи ќе заостанува цели девет бода зад лидерот во Ла Лига. Тоа, пак, значи и во голема мера крај на сонот за нова титула на каталонскиот гигант.

Тренерот Чави Ернандес, видно нервозен по мечот, вели дека најголемиот проблем на тимот е (не)реализацијата.

„Повторно не мачи една иста работа, а тоа е ефикасноста. Му подаривме бод на противникот. Создадовме доволно шанси за победа, но на крај реми, и сигурно дека не сме задоволни. Ова ни беше како финале, а бод не е доволен“ – рече Чави по мечот, и дополни:

„Оваа (не)ефикасност не е нормална. Тоа е поголем проблем отколку недостатокот на енергија во одбраната. Време е да бидеме критични кон себе и да бараме повеќе“.

Барселона сега е на третото место на табелата со 35 бода. Реал е втор со 39 бода а Џирона има 41 бод, но и двата тима се со натпревар помалку од Каталонците.

Се вчитува...