Барселона вечерва од 21 часот го очекува реваншот со ПСЖ за пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите. Шпанците имаат предност од 3-2 од првиот меч во Париз, поради што Французите ќе имаат тешка задача да го надополнат минусот.
Тренерот на Барселона, Чави Ернандес посочува дека шансите за полуфинале се на страна на неговиот тим, но дека Барса мора да одигра на највисоко ниво и во преостанатите 90 минути.
„Имаме како клуб голема можност, историска шанса. Играме дома, тоа е важен фактор во наша корист. Претчувствувам дека ќе биде тоа меч сличен на првиот, нема да калкулираме. Знаеме дека жестоко ќе не притиснат, но ние ќе мора да најдеме простор и индивидуална сила да се пласираме во полуфиналето. Против нас ги имаме еден од најдобрите тимови и тренери во светот. Сепак, постои силен ентузијазам кај нас“ – вели Чави.
Единствена дилема за Чави е дали ќе игра Педри е доволно фит за да биде стартер, откако шпанскиот репрезентативец во последните неколку месеци имаше повреди во серија поради избрзан камбек на терените.
„Верувам дека Педри е подготвен и да го почне мечот. Сите кои се на списокот се подготвени да одиграат 90 минути“ – дополнува Чави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА