Чави: Ова е почеток на нова ера

Барселона го прекина четиригодишниот пост и ја осигура титула во Ла Лига со триумф против Еспањол на четири кола пред крајот на регуларниот дел од првенството.

Тоа е воедно и прва шампионска титула во ерата на Чави кој влезе во одбрано друштво со Џозеп Самитер, Јохан Кројф, Пеп Гавардиола и Луис Енрике како единствени кои ја освојувале титула и како тренер и како играч. Легендата на Барселона зад себе има осум титули носејќи го дресот на клубот.

„Ова не е првенството на Чави, не се чувствувам добро поради тоа, ова е првенство на Барселона, Барса која расте и која се враќа. Ова е почеток на нова ера. Мораме да продолжиме да растеме. Ова беше една неверојтна тимска сезона, играчите се клучот на успехот, јас сум тука само да им помогнам, да ги насмерам и да се погрижам да соработуваат како група“, вели Чави.

Се вчитува...