Чави пак најде изговор: Четвртиот судија ми кажа дека е чист пенал, не знам зошто главниот се премисли

Барселона претрпе неверојатен пораз на домашен терен, примајќи пет гола од Вилјареал за конечни 3-5 во дуел преполн со пресврти и големи возбудувања.

Каталонците имаа предност од 3-2, но примија гол пред самиот крај на регуларниот дел, а потоа уште два во судиското продолжение за пораз што уште повеќе го зголемува притисокот врз тренерот Чави, кој се наоѓа многу блиску до отказ. А младиот стратег уште еднаш не сакаше да преземе одговорност за неуспехот, туку вината ја побара кај судиите. Конкретно, за пеналот на почетокот од судиското продолжение при 3-3, кога главниот судија најпрвин покажа на белата точка, но по реакција од ВАР собата ја промени својата одлука.

„Направивме премногу наивни грешки и бевме казнети за тоа. И покрај се можевме да стигнеме до победата, доколку само останеше на сила одлуката за досудениот пенал во финишот. Не знам што се случи, четвртиот судија ми кажа дека е чист пенал, а една минута подоцна главниот беше повикан од ВАР собата и ја промени својата одлука. Навистина неверојатно“, изјави Чави.

Барса по вечерашното фијаско заостанува десет бода зад Реал Мадрид, па јасно е зошто навивачите се незадоволни и се повеќе расте притисокот врз претседателот Лапорта да му врачи отказ на поранешниот капитен на тимот.

Се вчитува...