Чави пак за болната тема: Не сме ни слепи ни глупави, сите знаат што прави Реал со судиите

Чави на крајот од сезонава ќе си замине од Барселона, но трофејниот стручњак во меѓувреме ја продолжува војната со Реал Мадрид, пред се околу влијанието што „кралскиот клуб“ го има врз шпанските арбитри.

Од Мадрид неодамна стигна потсетување дека Барса е под истрага за „случајот Негреира“ за поткуп на судиите, но Чави ги отфрли ваквите обвинувања.

„Сите говорат за Негреира, но вистината е дека тој воопшто не ни помогна. Гледајте ги нашите натпревари од тој период и гледајте ги оние на Реал. Ништо не е променето, начинот на кој Реал врши притисок врз арбитрите, тоа се случува секоја седмица. Не сум ниту претседател на федерацијата ниту пак на лигата, но ме чуди што сите ние го дозволуваме тоа. Судиите влијаат врз резултатите, со тоа и на исходот на целото првенство, не сме ни слепи ни глупави, тоа го кажа и Диего Симеоне неодамна, но сепак ништо не се менува“, истакна Чави.

Се вчитува...