Шпанскиот тренер Чави Пасквал (53) ја прифати понудата на Барселона со која ќе потпише повеќегодишен договор, потврдија од каталонскиот клуб.
Пасквал веќе ја водеше Барселона – од 2008 до 2016 година. Претходно беше и асистент во стручниот штаб, од 2005 до 2008 година.
На клупата на шпанскиот клуб тој ќе го наследи Жоан Пењароха, кој неодамна доби отказ поради серијата лоши резултати во Евролигата и домашното првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

