Барселона доживеа елиминација од Манчестер јунејтед во Лигата на Европа по поразот од 2-1 на „Олд Трафорд“ и покрај тоа што имаше предност од 0-1 на полувремето.
Тренерот на каталонскиот тим Чави не може да биде задоволен од епилогот, но вели дека му недостасувале Педри и Гави за да биде на чекор до четвртфиналето во второто по квалитет европско клупско натпреварување.
„Оној гол за 1-1 ни направи многу штета. Беше топа топка која мораше да ја освоиме, а ја загубивме. Губењето на дуелите е клучот на нашите проблеми. Не притиснаа со интензитет. Штета што дојде до тоа затоа што во првото полувреме се беше под наша контрола. Навистина сме разочарани. Мислам дека имавме добар натпревар, но имавме и силен противник. Манчестер беа физички подоминантни. Да не дојдеше така брзо тоа изедначување на резултатот, сигурен сум дека ќе го контролиравме и второто полувреме. А, да ги имавме Педри и Гави ќе беше сосема поинаку. Не барам алиби, но така е“ – истакна Чави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА