Чави подготвува радикален потег: Бек ќе игра во средниот ред против Реал Мадрид?

Тренерот на Барселона, Чави, размислува да го користи португалскиот бек Жоао Кансело како среден ред, додека на десната бековска позиција да игра Роналд Араухо. Оваа идеја доаѓа како желба Чави да ја контролира средината на теренот на престојното „Ел Класико“, но и за „дуплирање“ на крилниот фудбалер на „кралевите“ Винициус.

Ако се реши на ваков чекор, тогаш Араухо и Кансело треба да бидат задолжени за брзиот Бразилец во редовите на Реал Мадрид.

Чави најверојатно ќе игра со Мартинез, Кристенсен, Араухо и Балде во одбраната. Во меѓувреме Чави се надева дека ќе добие зелено светло за Левандовски и за Де Јонг, кои се вратија на тренинзите пред самиот меч кој е на програмата утре во 16:15 часот.

Се вчитува...