Чави: Продолжувањето на договорот со Барса ќе се случи наскоро

Тренерот на Барселона Чави, кажа дека наскоро ќе го продолжи договорот со клубот. Тој ова го соопшти пред натпреварот со Бетис во шпанскиот шампионат.

Веќе неколку недели се зборува дека двете страни се договориле за нова соработка, која треба да биде официјалиирана во најскоро време.

„Зборував за мојот нов договор со Деко, со претседателот. Овде се работи за успех и титули, не за долги договори. Никогаш нема да биде проблем за мене и за клубот. Нормално е да ја продолжиме соработката, и јас сум задоволен од проектот. Имаме одличен тим. Наскоро ќе биде продолжен договорот, во тоа не се сомневам“, рече Чави.

Се вчитува...