Чави разочаран: Доминиравме 60 минути, но што ни вреди тоа… пресуди една работа

Големо е разочарувањето во таборот на Барселона по денешниот пораз од Реал Мадрид, откако каталонците прокоцкаа водство од 1-0 и неколку одлични шанси, за на крајот да го загубат големото дерби со 1-2.

ТРенерот Чави како главна причина за поразот ја наведе неефикасноста на својот фудбалер и неможноста мечот да се заврши со втор гол по водството од 1-0.

„Мислам дека заслуживме да победиме, доминиравме на теренот 60 минути, но што ни вреди тоа кога на крајот го загубивме натпреварот. Тоа е фудбалот, нам ни требаа пет-шест шанси за да дадеме еден гол… тие од две-три ситуации постигнаа два погодоци. Тоа беше работата што пресуди, ни недостигаше ефикасност, игравме добро, бевме смирени, трпеливи, креиравме шанси, но се е попусто кога на крајот ќе се загуби натпреварот“, изјави Чави.

Се вчитува...