Чави: Се лутам кога ќе ја слушнам химната на Лигата на шампионите

Тренерот на Барселона, Чави на прес-конференцијата пред пресметката со Манчестер Јунајтед која е на програмата денеска од 18:45, кажа дека секогаш му е тешко кога ќе ја чуе химната на Лигата на шампионите, алудирајќи на тоа дека неговиот тим нема да игра таму, туку во „утешната“ Лига на Европа.

Барселона не успеа да се пласира во нокаут фазата. Баерн Минхен и Интер продолжија во следната фаза, а Барселона беше третопласирана со седум бодови, додека Плзен не освои ниту еден.

„И натаму се лутам кога ќе ја чујам химната во Лигата на шампионите. Требаше да играме таму поради историските успеси и големината. Но, мораме да се соочиме со реалноста. И ова за нас е важно натпреварување. Важно е да оствариме успех, особено во Европа, со оглед дека неколку сезони немавме резултат. Ова е добар тест за да видиме дали можеме да се натпреваруваме во Европа“, рече Чави.

Се вчитува...