Иако пред неколку месеци најави дека ќе си замине, сега Чави може да се премисли и да остане на кормилото на Барселона и идната сезона. Целата управа и соблекувалната му веруваат, но Шпанецот изјави дека ќе остане на својот збор, и дека ќе го напушти тимот.
Меѓутоа шпанските медиуми откриваатдека Чави би можел да се премисли, доколку бидат исполнети неколку услови.
Чави сака Барселона да биде конкурентна во Еворпа, и затоа веќе предложил на управата јасна визија околу тоа како треба да изгледа тимот, но тогаш клубот немаше финансиска поддршка тоа да го исполни. Чави повторно истакнал дека тимот треба да се засили со еден добар плејмејкер како Кимих, Зубименди или Бернардо Силва. Чави инститира на тоа Барса да не ги продаде најдобрите играчи, а тоа се Араухо, Гави, Педри, Кубарси, Јамал и Де Јонг. Останување на Кансело, продолжување на позајмицата на Феликс.
Во секој случај во Каталонија се очекува жешко топло лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

