Чави сепак ќе ја води Барса на „Ел класико“

Чави Хернандез ќе може да ја води Барселона на „Ел класико“ против Реал Мадрид, што е на програмата на 21. април во шпанската престолнина.

На натпреварот против Атлетико Мадрид, Чави беше исклучен и тоа автоматски значеше суспензија од два натпревари.

Тоа ќе го направи на натпреварите против Лас Палмас дома и на Кадиз на гости. Бидејќи го повтори прекршокот, се стравуваше дека казната овојпат ќе биде поголема.

Сепак, дисциплинските органи не посегнаа по драстична санкција и Чави ќе го предводи својот тим во најголемото шпанско дерби.

Се вчитува...