Младиот холандски играч за врска Чави Симонс го напушти ПСВ Ајндховен и се врати во францускиот шампион Париз Сен Жермен, соопшти холандскиот клуб.
Симонс е поранешен играч од академијата на Барселона, кој се пресели во ПСЖ во 2019 година, а во февруари 2021 година дебитираше за првиот тим на парискиот тим.
Сепак, во јуни минатата година тој си замина од Париз потпишувајќи петгодишен договор за ПСВ, но по само една сезона во Ередивизија се врати на „Паркот на принцовите“. Имено, ПСЖ ја искористи клаузулата во договорот и го врати младиот играч за врска за само 6 милиони евра.
Минатата сезона забележа 34 настапи, постигна 19 гола и забележа осум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА