Чави Симонс пристигна во Лондон, постои само една дилема

Чави Симонс ова лето и дефинитивно ќе ја промени средината и ќе го напушти Лајпциг, но останува отворено прашање кој ќе биде неговиот нов клуб.

Челси долго време преговараше за услугите на Холанѓанецот, но потребно е прво клубот да го напуштат дел од „отпишаните“ фудбалери како Крисофер Нкунку кој е пред премин во Милан за да се реализира и овој голем трансфер.

Целата ситуација се обидува да ја искористи Тотенхем кој во меѓувреме влезе во преговорите за одличниот млад фудбалер од средината на теренот па се големиот ривал на Челси во моментот е блиску до саботирање на неговиот трансфер на „Стемфорд Бриџ“.

Како што пренесуваат англиските медиуми Симонс веќе пристигнал во Лондон со цел полесно да го комплетира трансферот непосредно пред крајот на летниот преоден рок, но постои голема дилема дали ќе настапува во „сино“ или во „бело“.

Се вчитува...