Чави Симонс во Тотенхем! Договорен трансфер од 60 милиони евра!

Чави Симонс и дефинитивно својата кариера ја продолжува во Премиерлигата, но во редовите на лондонски Тотенхем!

Челси долго време преговараше за услугите на Холанѓанецот, но на крај неизвесната ситуација ја искористи Тотенхем, кој саботирајќи го неговиот трансфер на „Стемфорд Бриџ“, се договори со Лајпциг за сума од 60 милиони евра со која Симонс се сели меѓу „спарси“.

Симонс, како што пренесува и Фабрицио Романо, веќе е во Лондон и во наредните часови го очекуваат лекарските прегледи пред официјалната промоција во дресот на Тотенхем!

Се вчитува...