Чави со изјава ги разбесни навивачите на Барселона

Фудбалерите на Барселона одиграа уште еден натпревар по своето ниво. Во 25. коло во шпанското првенство каталонците забележаа победа од 2-1 на гостувањето кај Селта Виго, но до истата стигнаа во 97. минута благодарение на Роберт Левандовски кој го совлада противничкиот голман од белата точка и тоа по вториот обид.

Тренерот Чави по натпреварот изјави дека е презадоволен од трите бода на неговиот тим, а откри и статистика која ја добил неодамна според која Барселона треба да е лидер на табелата, но со неа предизвика бес кај навивачите и лавина на погрдни коментари на социјалните мрежи.

„Имам чувство дека одигравме добро. Мислам дека во последната третина од теренот не бевме добри, но бевме добро позиционирани. Пресреќен сум бидејќи ова е тешко гостување. Одигравме брутален натпревар и многу се трудевме за победата.

Вчера ми дадоа статистика од „Биг дата“ која вели дека ќе бевме лидери на табелата доколку го искористевме шансите кои ги креираме. Ако ги земеме во предвид бројот на шанси кои ги креираме во просек и треба да бидеме први. Не недостасува таа „видливост“ во последната третина“, изјави Чави на пресконференцијата за медиуми по натпреварот.

Се вчитува...