Чави: Тоа е најголемото непочитување кое сум го видел

Барселона ја продолжи победичката низа во шпанското првенство откако славеше против Кадиз со 2-0 во натпревар во кој до головите стигна во три минути пред самиот крај на првото полувреме. Со новата победа каталонците ја задржаа предноста од осум бода пред Реал Мадрид па тренерот Чави не го криеше задоволството.

Тој вели дека во вториот дел од натпреварот очекувано паднал интензитетот на неговиот тим, а имаше и што да каже за критиките упатени кон Серхи Роберто и Феран Торес.

„Во второто полувреме го намаливме интензитетот и ритамот што е нормално со оглед на преголемиот умор, но сеедно славевме со 2-0 и имаме осум бода предност. Задоволен сум.

Серхи Роберто и Феран Торес беа одлични. Тие се пример. Серхи секогаш игра добро на различни позиции. Критките на негова сметка се најголемото непочитување кое сум го видел. Секогаш има добри оцени, никогаш не се жали. Тој е одличен капитен, емпат и јас нему му верувам. Сакам да го продолжи договорот. Тој и Феран постојано се мета на критики, но секогаш ја завршуваат својата задача“, вели Чави.

Се вчитува...