Барселона веќе извесно време се поврзува со засилување на средниот ред, како опции беа споменувани неколку фудбалери, но тренерот Чави јасно стави крај на сите шпекулации.
Стратегот на каталонскиот гигант обелодени дека Барса нема да биде активна на пазарот оваа зима, и тоа поради финансиски причини бидејќи нема доволно средства во буџетот.
„Тоа е реалноста, нема да можеме да купиме ниту еден фудбалер во јануари. Без разлика дали ни е потребен играч што ќе го замени Гави во средниот ред, без разлика на се, финансиската ситуација е таква што ќе мораме да ја завршиме сезоната со овие играчи кои моментно ги имаме во клубот“, изјави Чави.
Барса веќе го доведе бразилскиот напаѓач Витор Роке, трансфер што беше договорен пред повеќе од една година.
„Роке е фудбалер за иднината на Барселона, но тоа не значи дека нема да сметаме на него и во сегашноста. Потребни му се минути на терен за да влезе во ритам, сигурно ќе игра на денешниот куп-меч со Барбастро“, истакна тренерот на Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

