Чави учи „занает“ за Барселона – Втор трофеј во шест месеци со Ал Сад

Легендарниот Чави Хернандез го освои и вториот трофеј како тренер, откако со неговиот Ал Асад триумфираше во финалето на купот на Катар над Ал Духаил со убедливи 4-0.

Претходно, тој триумфираше и во Суперкупот на Катар против истиот противник со 1-0 во август минатата година. Очигледно е дека Чави на блискиот исток се подготвува како еден ден би бил подготвен да ја преземе Барселона, екипа во која ги помина најдобрите денови во играчката кариера.

 

Се вчитува...