Чави успеал да го убеди Бускетс да остане до крајот на сезоната

Играчот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс ќе ја напушти екипата, но дури по завршувањето на сезоната, пишува „Мундо Депортиво“.

Иако беше се договорено искусниот фудбалер во јануари да се пресели во САД, сепак, Чави успеал да го убеди шпанскиот фудбалер тоа да го стори на крајот од сезоната, кога и му истекува договорот со „каталонците“.

Бускетс е во Барселона од 2008 година, и со клубот освои 30 титули. Неодамна ја објави својата репрезентативна пензија, односно Мундијалот во Катар му беше последна активност на репрезентативен план.

Се вчитува...