Чави се соочува со огромен притисок во последните двеаесетина дена по серијата слаби игри и резултати на Барселона, но младиот стручњак е оптимист дека ќе најде излез од кризата и тимот наскоро ќе се врати на победнички патеки.
Барса моментно е третопласирана на табелата со девет бода заостанување зад лидерот Џирона, „минус седум“ во однос на Реал Мадрид, но Чави верува дека каталонците можат да стигнат до првата позиција.
„Секако дека постои шанса за титула, има уште многу да се игра. Џирона и Реал ќе губат бодови во наредниот период, не се сомневам во тоа, клучно ќе биде ние да не правиме грешки на нашите натпревари. Моментниот пласман се должи на нашите пропусти во играта, загубивме многу бодови, но има уште повеќе од половина сезона. Да одиме чекор по чекор, најпрвин да го завршиме првиот дел од сезоната триумфално, а потоа да бидеме уште подобри во 2024 година. Во едно не треба да се сомневате, Барселона до крај ќе се бори за сите трофеи во натпреварувањата во кои учествува“, порача Чави.
Каталонскиот гигант има одлична можност за враќање на победнички патеки, ако се знае дека утре на домашен терен ќе ја пречека Алмерија, екипата која е „фенерџија“ на табелата со само пет освоени бода по првите 17 рунди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

