Шпанија вечерва го стартува Мундијалот во Русија, а прв противник на „црвената фурија“ ќе биде актуелниот европски првак Португалија со Кристијано Роналдо. Но, се чини дека најголем противник на Шпанците во моментов е лошата атмосфера по заминувањето на Хулен Лопетеги и именувањето на Фернандо Јеро за нов селектор. Досегашниот селектор Лопетеги веќе е промовиран во нов тренер на Реал Мадрид, а легендарниот Чави Хернандез смета дека потегот на челниците на шпанскиот фудбал е оправдан.
„Ако ме прашувате, мислам дека Фудбалската федерација на Шпанија постапи правилно со Лопетеги. Фудбалот носи секакви одлуки, и добри и лоши моменти, но мислам дека селекторот треба да биде пример со своето однесување. Мислам дека беше апсолутно неприфатливо тој да се промовира како тренер на клуб непосредно пред стартот на Светското првенство. Ќе мислев исто и доколку Лопетеги потпишеше за Барселона. Неговото заминување секако ќе остави белег, но Шпанија има квалитетна селекција и тоа може да го надмине. Мислам дека овој прв меч ќе биде пресуден, за да се надмине психолошкиот момент“, изјави Чави Хернандез, долгогодишниот шпански репрезентативец, кој е специјален гостин на СП 2018.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА