Резултатската криза на Барселона се продлабочи откако по ремито со Интер во ЛШ каталонскиот гигант загуби од Реал Мадрид, по што избраниците на Чави сега заостануваат три бода зад големиот ривал на табелата во Ла Лига.
Чави по мечот на „Сантијаго Бернабеу“ не го криеше разочарувањето од конечниот исход, пред се поради фактот дека неговиот тим не беше надигран на теренот, но мораше да го признае поразот.
„Очигледно е дека се наоѓаме во негативен период за кој ќе мораме да најдеме одговор. Се обидуваме, имаме верба, но за жал резултатите на овие последни натпревари изостануваат. И двете екипи имаа шанси денеска, разликата беше во тоа што тие ги искористија своите, а ние не… Одбраната досега не беше проблем, но повторно ни се случуваат исти грешки, пред дуелот зборувавме дека мораме да внимаваме на нивните контранапади, а првиот гол го примивме токму од таква ситуација“, истакна Чави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

