Со три финални дисциплини беше затворен првиот ден на Светското првенство во атлетика кое се одржува во главниот град на Јапонија, Токио.
Легендарнат Беатрис Чебет конечно стигна до златниот медал на Светските првенства на 10.000 метри. Таа делницата од 10 километри ја претрча за време од 30:37.61, пред Италијанката Надја Батоклети која постави нов национален рекорд (30:38.23). Подиумот го надополни Гидаф Цегај од Етиопија.
Во мешаната штафета на 4×400 метри Американците ја одбранија титулата, пред Холандија и Велика Британија.
Рајан Краузер ја продолжи доминацијата во фрлање ѓуле со фрлање од 22.34 метри. Среброто сензационално му припадна на Мексиканецот Узиел Муњоз кој во последната серија фрли 21.97 метри и со тоа ги мина Италијанецот Фабри и Волш од Нов Зеланд кои имаа најдобро фрлање од 21.94 метри. Поради послабата серија Новозеланѓанецот на крајот остана без медал, додека Фабри се закити со бронза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

