Чебет со ги урива границите на атлетиката, светски рекорд и на Кипјегон

 Беатрис Чебет проодолжува да ги урива границите во женската атлетика откако Кенијката истрча маестрално на 5.000 метри на митингот во Јуџин.

Чебет ја истрча делницата за 13:58,06 минути, поправајќи го сопствениот светски рекорд за две секунди, воедно и станувајќи прва атлетичарка во историјата што истрчала 5.00 метри за помалку од 14 минути. Претходно, Чебет е и единствена во историјата што истрчала 10.000 метри за помалку од 29 минути, каде оваа атлетичарка од Кенија исто така доминира и е актуелна олимписка шампионка и светска рекордерка.

Многу интересно беше и на трката на 1.500 метри, каде Феит Кипјегон го поправи сопствениот светски рекорд. Американката Хурта-Клекер беше „пејсмејкер“ на оваа луда трка, во која Кипјегон истрча маестрално во последните 400 метри, за краен резултат од 3:48,68 минути, или подобрување на сопствениот светски рекорд за 36 стотинки. Второто место го освои Дирибе Велтеџи од Еетиопија со 3:51,44, а третопласирана беше Џесика Хал од Австралија со 3:52,67 минути.

Се вчитува...