Фудбалерот на Ливерпул и на репрезентацијата на Египет, Мохамед Салах, има многу фанови низ целиот свет. Една група навивачи од Чеченија, на египетскиот репрезентативец вчера му приредија изненадување и за роденден му подарија торта тешка дури 100 килограми.
Огромната роденденска торта за Салах беше декорирана и со златна копачка на врвот, а на тортата симболично беа претставени и рекордните 44 гола што ги постигна Салах со екипата на Ливерпул во текот на оваа сезона.
Роденденската прослава вчера ја расипа само поразот на Египет од Уругвај (0-1), во првиот натпревар на СП во Русија на кој Салах остана на клупата поради повредата на рамото со која се здоби уште во финалето на ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА