Поранешниот македонски селектор Чедомир Јаневски остана без тренерски ангажман, откако ја напушти кипарска Неа Саламина Фамагуста.
Јаневски остана на клупата на овој тим само три месеци, откако беше назначен на 7. октомври. Меѓутоа по серијата на лоши резултати и претпоследното место на табелата, кипарскиот тим се одлучи да се раздели со тренерот, и да бара нов во битката за опстанокот.
Разделбата доаѓа уште во првите денови од новата 2025 година, но последните денови двете страни беа во преговори за раскин на договорот. Тој мина на клупата 10 натпревари во кои забележа две победи, едно реми и седум порази, а беше поразен и во Купот на Кипар.
Претходно Јаневски на Кипар работеше во АЕЛ Лимасол, Олимпијакос Никозија, Енозис, Етникос, а беше и во Беверен, Исмаили, асистент селектор во Јужна Африка, работеше и во Вардар, Мускрон, Монс. Беше селектор на Македонија од август 2012 до септември 2013 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

