Довчерашниот тренер на Вардар, Чедомир Јаневски треба да биде нов шеф на стручниот штаб на еден од најдобрите бугарски клубови, ЦСКА Софија. Според пишувањето на бугарскиот „Меридиан мач“, Чеде Јаневски во петок треба да допатува во Софија на финални преговори со ЦСКА.
„Доколку во петок се финализираат деталите за меѓусебна соработка, Јаневски уште веднаш, пред крајот на сезоната, ќе го преземе кормилото на ЦСКА Софија“ – пишува „Меридијан меч“.
Последниот натпревар од актуелната сезона ЦСКА го игра в недела против Берое во Софија, меч за кој се најавува дека од трибините ќе го следи и Јаневски. ЦСКА Софија на втората позиција ја заврши сезоната во бугарскиот шампионат, па летово ја очекуваат настапите во квалификациите за Лигата на Европа.
56-годишниот Јаневски беше сменет од клупата на Вардар по целокупните турбуленции кои го зафатија најтрофејниот македонски клуб пролетва. Претходно во својата тренерска кариера беше на челот и на белгиските Бриж, Монс, Мускрон и Беверен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА