Кипарскиот АЕЛ Лимасол објави дека ја раскинува соработката со македонскиот тренер Чедомир Јаневски. Иако добро ја почна својата одисеја во оваа екипа, меѓутоа во последно време тимот бележи слаби резултати. На последните пет средби, АЕЛ Има смамо една победа и еден нерешен резултат.
Тимот се најде на деветото место со 39 бодови, меѓутоа опстанокот е обезбеден со оглед дека бега 15 бодови од опасната зона каде што е Енозис.
„Раководсвото на АЕЛ изразува благодарност до господинот Јаневски за неговиот придонесе во нашиот тим и му посакуваме успех во понатамошната кариера“, стои во соопштението на АЕЛ Лимасол.
Во минатото Чеде ги водеше Олимпијакос Никозија, Енозис и Етникос на Кипар, додека беше и во Беверен, Монс, Мускрон, го водеше Вардар во Лигата на Европа, претходно беше назначен за прв тренер на Црвена Звезда, а беше асистент селектор на репрезентацијата на Јужна Африка. Беше и селектор на Македонија во 2012/2013 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА