Чедомир Јаневски не е повеќе тренер на Красава од Кипар. После лошата серија и пет порази по ред, тимот се реши да се раздели со македонскиот стручњак, и да назначи нов со кој ќе го брка опстанокот во најсилната лига на Кипар.
Тој седна на клупата на овој тим кон средината на август, и после три и пол месеци заминува од клубот. Јаневски во минатото во Кипар беше тренер и на Неа Саламис, Олимпијакос Никозија, Енозис, Етникос Ахна, но со своето искуство не успеа да придонесе тимот да има успешен прв дел од сезоната.
Јаневски во минатото беше и на селекторската функција на Македонија, од август 2012 до септември 2013 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

