Чедомир Јаневски повторно ќе води клуб во Кипар

Поранешниот македонски селектор и еден од најдобрите фудбалски тренери од нашата земја Чедомир Јаневски пронајде нов ангажман откако се договори со кипарска Красава.

Станува збор за клуб кој сезонава ќе се натпреварува во најсилната конкуренција, а главната цел на Јаневски ќе биде да избори опстанок.

Дебито на клупата на новиот клуб, Јаневски ќе го има против екипата на АПОЕЛ, а договорот со тимот е со важност до крајот на тековната сезона.

Последниот ангажман Јаневски го имаше исто така во Кипар каде што ја предводеше екипата на Неа Саламиссод.

Се вчитува...