Чеферин: Балканот не е зрел за регионална лига

Само некоја година по распаѓањето на поранешна СФРЈ, веднаш стартуваа приказните за фудбалско поврзување на балканските земји и стартување на регионална лига кои и денес траат.

Но, претседателот на УЕФА, Словенецот Александар Чеферин смета дека Балканот не е зрел за таква регионална лига…

„УЕФА не планира регионална лига. Се уште на Балканот ситуацијата не е доволно зрела за еден таков експеримент. Балканот едноставно се уште не го променил менталитетот кој опстојува од деведесеттите години на минатиот век“ – истакна Чеферин во Сараево за време на посетата за отворањето на Куќата на фудбалот.

„Нема шанса и за Суперлига. Јас лично разговарав со клубовите и сите ми потврдија дека Суперлига не ги интересира. Тоа се само фикции. Може со сигурност да ви кажам нема никаква Суперлига на големите клубови, нема никакви регионални лиги. Единствено што планираме е од 2024 година да има промени во форматот на меѓународните клупски натпреварувања како што поголем број клубови од Европа би се натпреварувале и со тоа можноста за заработка би била поголема“ – вели Чеферин.

УЕФА од 2021 година планира воведување трето клупско натпреварување, како еден вид Втора лига на Лигата на Европа, со вкупно 32 екипи.

 

Се вчитува...