Чеферин: Европска Супер-лига нема да има

Претседателите на УЕФА и на Европската асоцијација на клубови, Александар Чеферин и Андреа Ањели манифестираат единство заеднички отфрлајќи ги тврдењата дека најголемите и најбогатите европски клубови договарале натпреварување надвор од ингеренциите на европската куќа на фудбалот. Двете најзначајни фигури во европскиот фудбал во моментов дадоа заедничко интервју за „Би-Би-Си“ во кое тврдат дека не само што нема да има формирање на Супер-лига туку дека идејата воопшто и не постоела. Подоцна во текот на денов. Чеферин и Ањели одржаа заедничка прес конференција на која го промовираа „писмото за намери“ кое го потпишале, а кое подразбира подобрена соработка меѓу двете организации.

„Супер-лигата нема да се случи. На одреден начин тоа е фикција или сон“ – вели Чеферин.

Ањели кој е претседател на Јувентус, еден од клубовите кој меѓу наводните иницијатори на проектот тврди дека клубовите се со УЕФА.

„Комплетно сме посветени на соработката со УЕФА како и на начините за тоа како фудбалот да оди напред“ – изјави Ањели.

Двајцата дополнително објаснуваа какви се плановите за реформа на фудбалот од 2024 година, потоа најавија ревизија на календарите во домашните првенства на сметка на европските натпреварувања, деелитизација на континенталните купови како и почеток на ново клупско натпреварување.

 

Се вчитува...