Чеферин: Европската Супер-лига ќе биде штетна за фудбалот

Претседателот на УЕФА, Александар  Чеферин, најавува борба за спречување на најавената Европската Супер-лига која ја планираат најголемите фудбалски клубови. Тој не демантира дека иницијативата е реална, но вели ќе направи се додека тој е претседател, отцепувањето на најбогатите клубови да не се случи. Стартот на Лигата е најавен за 2021 година.

„Ова ќе биде штетно за фудбалот на глобално ниво. А ќе биде и здодевно. Да се гледа Јувентус против Баерн секоја недела е поздодевно од Јувентус против Торино. Нема дилеми дека јас ќе се борам против ова се додека сум на оваа позиција. Кога се прави ваков затворен систем на натпреварување, можете да заборавите на солидарност и развој на фудбалот. На крајот губитници ќе бидат клубовите“ – вели Чеферин.

Според информациите кои потекнуваат од документи украдени во хакерскиот напад на ФИФА, 11 најголеми европски клубови се договарале да почнат свое натпреварување надвор од ингеренциите на УЕФА. Планот е да се приклучат уште пет големи европски клуба.

 

 

Се вчитува...