За време на неговата посета на новиот тренинг центар на Фиорентина, претседателот на УЕФА Александар Чеферин го пофали комплексот, еден од ретките нови проекти со оваа намена во Италија, но вели дека катастрофалната состојба на другите стадиони во Италија ја спречува оваа земја да биде домаќин на големо натпреварување.
Италија ќе биде организатор на ЕП 2032 заедно со Турција, но со постоечката инфраструктура тоа ќе биде многу тешка мисија смета Чеферин.
„Инфраструктурата во Италија, ако се земе предвид нивото на фудбалот и големината на земјата, е многу лоша. Се разбира, јас сум оптимист, но мислам дека владата треба повеќе да инвестира во инфраструктурата. Ако имате земја која е толку страсна за фудбалот и спортот воопшто, ќе треба да се направи повеќе. Засега, само се надеваме дека сето ова ќе се подобри“, изјави Чеферин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

