Чеферин ги изненади сите со својот избор за најдобар фудбалер на денешницата

Претседателот на УЕФА последниве денови посетува семинари низ Европа со акцент на промоција и развој на фудбалот на нашиот континент, а моментално е во Португалија. На својот престој во Португалија Александар Чеферин даде изјава која брзо привлече внимание низ Европа.

Португалските новинари се интересираа кого го смета за најдобар фудбалер на денешницата, а тој без двоумење одговори:

„Нуно Мендеш моментално е најдобриот фудбалер на светот. Тој е фантастичен, но неговата позиција не е толку ценета и тоа малку го кочи. Она што го прави Португалецот е навистина импресивно“, изјави Чеферин.

Мендеш има 23 години и е играч на ПСЖ, со кого има договор до летото 2029. Кариерата ја градеше преку помладите возрасни групи на Спортинг, а играше и за првиот тим на лисабонските лавови.

Се вчитува...