Претседателот на Европската фудбалска федерација УЕФА, Александар Чеферин од Ровињ за хрватските медиуми даде интервју, во кое зборуваше за убедливиот пораз на Динамо Загреб од Баерн Минхен пред неколку дена.
Чеферин кажа дека не треба да се гледа негативно на тој пораз, затоа што на Балканот секогаш се гледа така после такво издание.
„Тој резултат не е катастрофа. Треба да знаете дека Баерн Минхен ја совлада Барселона со 8-2, и тоа во Лисабон. Премногу бараме негативни работи, а вакви порази се случуваат во фудбалот. Динамо е одличен тим, и јас сум сигурен дека ќе победи еден од фаворитите“, рече Чеферин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА